Рамос открил кога најмогу згрешил во кариерата: Сите имаа погрешни информации

Рамос открил кога најмогу згрешил во кариерата: Сите имаа погрешни информации

пред 4 години

Серхио Рамос, во документарниот филм на Амазон „Легендата за Серхио Рамос“, открил кога ја направил најголемата грешка во кариерата.

Капитенот на Реал Мадрид, на 19-годишна возраст, од Севилја се пресели во Реал. Трансферот во 2005 година изнесуваше 30 милиони евра.

„Знам што претставува Севилја како клуб и како се чувствуваат навивачите. Тоа никој не мора да ми го кажува, јас сум го доживеал тоа. Премногу беше она што се случуваше. Секакви работи пишуваа за мене, ми нанесоа голема болка, не само мене туку и на моето семејство. Никогаш нема да им простам за болката што им ја нанесоа на моите баба и дедо и на моите родители. Тие не можат да се вратата на стадионот на Севилја. Тоа е најголемата болка што сум ја почувствувал. Поради тоа бев лут и го славев кога постигнав гол во Севилја“, рекол Рамос и потоа открил која му е најголемата грешка што ја направил во животот.

„Погрешив што тогаш не се огласив јавно. Требаше да објаснам што се случува. Други говореа во мое име, тоа беше голема грешка. Мојот трансфер беше договор помеѓу клубовите, Реал не ја активираше откупната клаузула, како што се зборуваше тогаш. Навивачите имаа погрешни информации, за нив виновникот бев јас, а не клубот кој се согласи да ме продаде во Реал“.

Серхио Рамос за Реал има одиграно 670 натпревари, постигнал 101 гол.

Share
Scroll to Top