Рамсдејл се договори со Саутемптон

Рамсдејл се договори со Саутемптон

пред 3 месеци

Арон Рамсдејл кариерата ќе ја продолжи во Саутемптон. „Светците“ успеаја да се договорат со Арсенал.

Како што пренесува Би-би-си, се очекува Саутемптон да потроши и до 25 милиони фунти за потпис на англискиот голман и дека зделката ќе биде завршена до петок на полноќ кога завршува преодниот рок во Англија.

Самиот трансфер е вреден 18 милиони фунти, а на име на различни бонуси, Саутемптон можеше да плати дополнителни седум милиони фунти.

Рамсдејл ги одигра сите натпревари во Премиер лигата во сезоната 2022/23, но го загуби местото меѓу стативите кога во клубот минатата сезона на позајмица од Брентфорд пристигна Давид Раја. Арсенал во овој преоден рок за 40 милиони фунти го откупи договорот на шпанскиот голман.

Share
Scroll to Top