Рангник: Тоа беше најдобриот Роналдо откако јас го водам тимот

Рангник: Тоа беше најдобриот Роналдо откако јас го водам тимот

пред 2 години

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, изјави дека неговиот тим заслужено го победи Тотенхем со 3:2 на „Олд Трафорд“ и дека Кристијано Роналдо одиграл фантастичен меч. Сите три гола ги постигна Роналдо и стана најдобар стрелец во историјата, бидејќи сега има 807 гола за клубовите и за репрезентацијата на Португалија.

„Тоа беше неговиот најдобар настап, барем откако јас дојдов во клубот. Неговата игра беше фантастична, но исто така и на целиот тим. Тој може да крене 70.000 луѓе на нозе со само еден потег, но одушевен сум од тимскиот дух. Ова беше веројатно нашата најдобра игра со оглед на квалитетот на противникот. Оваа победа ќе ни даде мотив и за следниот натпревар“, изјави менаџерот на Јунајтед, Ралф Рангник.

Манчестер Јунајтед со овој триумф се искачи на четвртата позиција на табелата во Премиерлигата со 50 бода, два повеќе од Арсенал, но има одиграно дури четири натпревари повеќе од „топчиите“.

Share
Scroll to Top