Раниери: Нема услови да останам во Сампдорија

Раниери: Нема услови да останам во Сампдорија

пред 3 години

Италијанскиот тренер Клаудио Раниери потврди дека нема да остане во Сампдорија по крајот на сезоната, бидејќи за тоа „нема вистински услови“.

Раниери, човекот кој со Лестер го направи едно од најголемите фудбалски чуда освојувајќи ја титулата од Премиер лигата, не успеа да направи нешто повеќе со Сампдорија, обезбедувајќи опстанок, но без шанси за пробив во горниот дел од табелата.

„Веќе му соопштив на тимот дека нема да останам уште една година. Нема доволно услови за да останам. Сакам да се поздравам со фановите, се надевам дека ме сакаа како тренер“, вели Раниери.

Шпекулациите велат дека клубот преговара со тренерот на Црвена звезда, Дејан Станковиќ и покрај тоа што тој неодамна го продолжи договорот со српскиот шампион.

Share
Scroll to Top