Рапид победи со пресврт, реми за Митјиланд кај Селтик

Рапид победи со пресврт, реми за Митјиланд кај Селтик

пред 3 години

Рапид од Виена со предност ќе патува во Прага кај тимот на Спарта во рамки на реваншот од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите. Вечерва во главниот австриски град, Радип со пресврт успеа да ја победи Спарта со 2-1.
Гостите го добија првиот дел со 1-0, стрелец на голот беше Крејчи уште во 3 минута.

Домаќините „се разбудија“ во вториот дел, па најпрво Кнасмилнер во 63 минута донесе изедначување 1-1. Творец на победата беше истиот играч во 71 минута.

Во вториот меч од вечерниот термин, во Шкотска Селтик одигра нерешено 1-1 против шампионот на Данска – Митјиланд.

Домаќините преку Абада во 39 минута дојдоа во водство од 1-0, но 5 минути подоцна останаа со човек помалку на теренот. Црвен картон поради неспортско однесување заработи Битон.

Во второто полувреме, во 56 минута силите на теренот беа израмнети. Дрејер доби втор жолт картон поради симулирање.
Сепак, данскиот претставник успеа да постигне еден гол, и тоа преку Евандер во 66 минута.

Share
Scroll to Top