Расел најбрз во Холандија, Антонели само шести

Расел најбрз во Холандија, Антонели само шести

пред 7 часа

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ја освои пол-позицијата за спринт трката во Формула 1 во Зандворт.

Британецот го извози најбрзиот круг во квалификациите за спринт со време од 1:11.567 и за само 41 илјадити дел од секундата го надмина својот сонародник Ландо Норис од Мекларен.

Третото место му припадна на возачот на Ферари, Шарл Леклер, кој беше само 55 илјадити дел од секундата зад Расел.

Колку неизвесни беа квалификациите најдобро покажува фактот дека четвртопласираниот Оскар Пјастри беше побавен од освојувачот на пол-позицијата за само 99 илјадити дел од секундата.

Младиот возач на Мерцедес и лидер во вкупниот пласман, Кими Антонели, заврши петти, со заостанување од 0,227 секунди.

Домашниот фаворит Макс Ферстапен не успеа да се приклучи во борбата за првиот стартен ред. Возачот на Ред Бул заврши на шестата позиција, со повеќе од половина секунда заостанување зад Расел.

Луис Хамилтон го освои седмото место, пред Пјер Гасли (Алпин), Габриел Бортолето (Ауди) и Арвид Линдблад (Рејсинг Булс).

Спринт трката е закажана за сабота од 12:30 часот.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top