Раул Гонзалес и ПСЖ потпишаа нов договор

Раул Гонзалес и ПСЖ потпишаа нов договор

пред 3 години

Поранешниот тренер на Вардар и селектор на Македонија, Раул Гонзалес, потпишал нов договор со ПСЖ. Шпанецот, на клупата на екипата од Париз, ќе остане до 2023 година.

Раул Гонзалес, во ПСЖ, се пресели од Вардар во 2018 година. До оваа сезона не успеа да ја освои титулата во Лигата на шампионите, што е главна цел на богатите сопственици.

Раул Гонзалес од 2014 до 2018 година го предводеше Вардар, во 2017 на клубот му ја донесе првата титула во Лигата на шампионите. Како тренер работел и во Сиудад Реал, односно Атлетико Мадрид.

Share
Scroll to Top