Рахим Стерлинг има нов клуб

Рахим Стерлинг има нов клуб

пред 2 часа

Рахим Стерлинг има нов клуб, поранешниот англиски репрезентативец ќе ја продолжи својата кариера во Феенорд.

Поранешниот играч на Ливерпул, Манчестер Сити, Челзи и Арсенал потпиша договор со клубот од Ротердам до крајот на сезоната, во обид да ја врати формата и континуитетот на теренот.

„По обемните разговори со Робин ван Перси, убеден сум дека Феенорд е место каде што можам да бидам среќен и корисен за тимот. Играњето во странство е сосема нов предизвик за мене – и предизвик што го прифаќам со задоволство. Со нетрпение го очекувам почетокот. Феенорд, а особено на Робин и Денис, ви благодарам за вашето трпение и професионализам за време на процесот“, рече Стерлинг.

За време на неговата кариера, англискиот репрезентативец ја освои Премиер лигата четири пати, а го освои и трофејот од Лигата на шампионите со Манчестер Сити.

Тој одигра 82 натпревари за репрезентацијата на Англија и постигна 20 гола.

Foto/ depositphotos

Share
Scroll to Top