Рајан Бабел стана рапер

Рајан Бабел стана рапер

пред 3 години

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, а сега ветеран на Галатасарај, Рајан Бабел го објави својот прв сингл како рапер, очигледно најавувајќи нова професија на крајот на фудбалската кариера.

34-годишниот Холанѓанец ја објави песната со наслов „Young Champ“ (Млад шампион), на сопствениот Јутјуб канал, и во видеото, иако тој е пејачот, се појавува само на стартот.

„Рајан реши да не биде главниот лик во сопственото видео и затоа побара од моделот Селма Омари да му помогне. Рајан не сака да се промовира како рапер, но сака да ја раскаже својата приказна преку музика“, се вели во објаснувањето за песната.

Песната, нормално, е на холандски јазик.

Share
Scroll to Top