Рајковиќ добил понуда „што не се одбива“

Рајковиќ добил понуда „што не се одбива“

пред 2 месеци

Српскиот репрезентативец Предраг Рајковиќ би можел да ја напушти Мајорка и да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија.

Според шпанска „Марка“, неименуван клуб од Блискиот Исток сака да го ангажира Рајковиќ и наводно е подготвен да му плати на српскиот голман 10 милиони евра.

Со оглед дека тоа е многу повеќе од она што го заработува во Мајорка, тој е наводно бил заинтересиран за преселба на Блискиот исток.

Рајковиќ на неодамна завршеното Европско првенство беше еден од најдобрите играчи на српската репрезентација, а имаше и одлична сезона во Мајорка.

Освен понудата од Саудиска Арабија, се споменува дека за услугите на Рајковиќ е заинтересиран и Виљареал, но само доколку Јоргенсен се пресели во Челси.

Share
Scroll to Top