Легендарниот хрватски кошаркар Дино Раџа смета дека целиот концепт околу регионалната кошаркарска лига (АБА лига) заминал во погрешна насока.
„Не гледам ништо добро за хрватската кошарка“, рекол Раџа и дополнил.
Според него најголем проблем за сите во регионот е што преку лигата се форсираат Американци, а се „гуши“ развојот на младите играчи од клупските школи.
„Читав дека има 40 Американци во АБА лигата па тоа се четири комплетни тимови. Тоа е лудост. Разбирам да има еден или двајца во секој тим, но пет или шест веќе е без врска. Играат помеѓу себе, тука нема корист за регионалната кошарка. Не знак кој се интересира за таа лига, јас долго време не сум гледал меч“, рекол Раџа.