Реално реми на „Сантијаго Бернабеу“

Реално реми на „Сантијаго Бернабеу“

пред 3 години

Реал Мадрид и Виљареал одиграа натпревар без голови, во рамките од седмото коло коло во Примера. Реал прв пат сезонава не постигна гол, а втор пат ремизираше, додека Виљареал со натпревар помалку, петти пат одигра нерешено.

Гостите од Виљареал, беа подобриот тим на теренот во текот на сите 90.минути. Двете најдобри шанси ги имаа преку Данјума, но неговите удари успеа да ги скроти Куртоа.

Реал најдобрата шанса ја имаше во самиот финиш, кога Иско се обиде, но неговиот удар со глава не го најде патот до голот на Рули.

И покрај ремито, Реал останува лидер во Примера со 17 бодови, Виљареал се деветти со осум бодови. Двата тима се уште немаат пораз.

Share
Scroll to Top