Нико Шлотербек, стоперот на Борусија Дортмунд и германската репрезентација, е првата желба на Реал во летниот преоден рок. Според „Ас“, „кралскиот клуб“ почнал да го подготвува теренот за трансферот.
Според овој извор, цената на стоперот, паднала по завршувањето на зимскиот преоден рок.
Пред еден месец беше објавено дека Борусија ќе го продаде за 70 милиони евра, но сегацената изнесува 50 милиони евра. „Ас“, објаснува дека тоа е затоа што Шлотербек се ближи кон крајот на договорот со Борусија. Неговиот договор истекува следното лето, па ова лето е последниот преоден рок во кој можат да го продадат дефанзивецот по добра цена.
„Ас“ додава:
„Неколку тимови го бркаат Германецот, вклучувајќи ја и Барселона. Трката штотуку започна, но раководството и тренерскиот штаб на Реал знаат дека треба да ги зајакнат клучните позиции за следната сезона. Стоперот е заокружен со црвена боја на листата со приоритети. Неколку имиња се поврзуваа со Реал во последните месеци: Конате, Упамекано (кој го обнови договорот со Баерн), Гуехи (кој потпиша за Манчестер Сити)… и Шлотербак.“
Се чини дека сите се согласуваат за овој последен играч по состаноците одржани во Валдебебас.
Потрагата по централен дефанзивец, значи дека покрај Давид Алба, Реал во летниот преоден рок ќе го напушти и Антонио Ридигер.
Foto/ depositphotos






