Фудбалскиот клуб Реал Мадрид ја демантираше изјавата на тренерот Карло Анчелоти, кој за „Ил Џорнале“ рече дека клубот нема да настапи на Светското клупско првенство во 2025 година.
Клупскиот Мундијал, наредната година ќе се игра во нов формат, со 32 клуба и треба да биде генерална проба за Светското првенство кое во 2026 ќе го организираат САД, Мексико и Канада.
„ФИФА може да заборави на тоа. Клубовите не сакаат да го играат ова натпреварување. Еден натпревар на Реал вреди 20.000.000 евра, а ФИФА сака да не „награди“ со таа сума за целиот турнир. Негативно! Покрај нас уште неколку клубови ќе ја одбијат поканата“, откри Анчелоти.
Реал Мадрид излезе со соопштение во кое го демантираше Карло Анчелоти и наведува дека ќе игра на претстојното Светско клупско првенство.
Во официјалното соопштение се наведува дека учеството на Реал Мадрид во споменатото натпреварување не е доведено во прашање.
ÚLTIMA HORA
El REAL MADRID y ANCELOTTI anuncian que ESTARÁN el el MUNDIAL de CLUBES.#JUGONES https://t.co/iqDackvov2 pic.twitter.com/oVU9WAuZh3
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) June 10, 2024
Сè уште не се познати имињата на сите 32 клуба кои треба да играат на Светското првенство, но покана имаа Реал Мадрид, Челзи, Манчестер сити, Баерн, ПСЖ, Интер, Порто, Бенфика, Борусија Дортмунд, Јувентус, Атлетико Мадрид, Салцбург, Палмеирас, Фламенго, Флуминенсе, Монтереј, Пачука, Ал Хилал…