Реал еден месец без Карвахал

Реал еден месец без Карвахал

пред 5 месеци

Шпанскиот репрезентативец Дани Карвахал во саботата се здоби со повреда на листото на левата нога, што ќе го оддалечи од теренот околу еден месец, објави во понеделникот шпанската јавна телевизија ТВЕ. Десниот бек Карвахал го напушти теренот на полувремето од натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Гранада во саботата, кога беше заменет со Лукас Васкез.

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти, по мечот, во кој неговиот тим победи со 2:0, изјави дека „се чини дека само го напрегал мускулот“. Реал во понеделникот ја потврди повредата.

Клубот не прецизираше колку долго дефанзивецот би можел да биде далеку од теренот.

ТВЕ објави дека закрепнувањето може да потрае еден месец, па тој би можел да им се приклучи на соиграчите во јануари.

Повредата на Карвахал е уште една главоболка за Анчелоти. Поради повреди тој веќе не може да смета на Чуамени, Камавинга, Модриќ и Винисисус Жуниор, а речиси до крајот на сеозната Реал Ќе биде без Едер Милитао и голманот Тибо Куртоа.

Share
Scroll to Top