Реал Мадрид жестоко за Олмо и судењето: Нема логика да се игра вакво првенство

Реал Мадрид жестоко за Олмо и судењето: Нема логика да се игра вакво првенство

пред 3 месеци

Клупската телевизија на Реал Мадрид објави прилог во кој веќе по две кола од шпанското првенство жестоко удри по судиите, односно раководството на шпанската федерација. Од Реал велат дека веќе во неколку наврати биле ограбени, а фаворизирана е Барселона која е прва на табелата.

Реал Мадрид ТВ се осврна и на ситуацијата со Дани Олмо, кој беше регистриран откако клубот дозна дека стоперот Андреас Кристенсен ќе биде надвор од терените два до четири месеци.

Олмо го постигна победничкиот гол на синоќешниот натпревар помеѓу Рајо Ваљекано и Барселона, што на челниците на Реал им даде повеќе причина да се жалат дека ги ограбуваат.

„На нашиот најголем ривал му беше простен чист црвен картон што Кубарси го заслужи на „Месталја“ (дуел од првото коло против Валенсија), додека на Реал ме му беше досуден чист пенал во првото коло против Мајорка. Не се виновни нашите ривали, виновен е оној што го дозволува ова. На Барселона и дозволија да регистрира фудбалер, а се правдаат дека дозволиле откако еден играч на Барселона се повредил.

Синоќа таа одлука се покажа како клучна на „Ваљехас“. Реал Мадрид мора да плива во ова море полно со нечистотија. На натпреварот помеѓу Барселона и Рајо, судиите поништија гол на домашната екипа затоа што беше досуден прекршок за Кунде (играчот на Барселона. Коментаторите рекоа дека не забележале контакт. Реал Мадрид мора да се бори против вакви работи. Нема логика да се игра вакво натпреварување. Како да сме натпреварување од третиот свет“, стои во прилогот објавен пред редовната прес конференција на тренерот на Реал, Карло Анчелоти.

За „кралскиот клуб“, вакво вршење притисок врз судиите и челниците на лигата се нормална работа. Речиси редовно клупската телевизија објавува прилози и видеа во кои се тврди дека Реал бил оштетен од судиите.

Share
Scroll to Top