Реал му нудат 2,5 милиони евра годишно на Мициќ

Реал му нудат 2,5 милиони евра годишно на Мициќ

пред 4 години

Тренерот на кошаркарскиот клуб Реал Мадрид, Пабло Ласо, во летниот преоден рок планира да направи целосна реконструкција на бековската линија. Локалните медиуми пишуваат дека Реал со примамливи финансиски понуди ќе се обиде да ги привлече Србите Василије Мициќ и Немања Недовиќ, односно францускиот репрезентативец Тома Ертел.

Реал се лидери во шпанскиот шампионт и се наоѓаат на четвртото место во Евролигата. Тимот сепак, оваа сезона, покажува многу слабости. Факундо Кампацо замина од Реал, а по завршувањето на сезоната клубот ќе го напушти неговиот сонародник Николо Лапровитола, додека ветеранот Џејси Керол ќе стави крај на кариерата.

Ласо ќе се обиде да го донесе Мициќ, кој две сезони блеска во дресот на Ефес. Се шпекулира дека Реал ќе му понуди на српскиот репрезентативец годишна плата од 2,5 милиони евра, што е многу повеќе од она што го заработува во Ефес.

Доколку Мициќ не добие понуда од НБА лигата, реално е тој од наредната сезона да се пресели во Мадрид.

Ертел и пред еден месец беше блиску до Реал, меѓутоа Барселона го спречи неговиот трансфер. Ертел, минатата недела потпиша со Асвел до крајот на сезоната, а од наредната ќе игра во Реал.

Недовиќ е играч на Панатинаикос, има искуство од шпанската лига, две сезони три сезони играше во Уникаха. Со Панатинаикос тој има договор на две сезони, но не е невозможно да го раскине и да ја прифати понудата на славниот клуб.

Share
Scroll to Top