Реал му одговори на Јовиќ за „лошата комуникација“ со Зидан

Реал му одговори на Јовиќ за „лошата комуникација“ со Зидан

пред 3 години

Многу бура во Шпанија, особено во Реал, крена интервјуто на Лука Јовиќ. Србинот, по 18 месеци, се пресели од Реал во Ајнтрахт, каде ќе настапува како позајмен играч до крајот на сезоната.

Јовиќ, во стариот клуб, постигна три гола на првите три натпревари, ист број на голови постигна за Реал за година и пол.

„Зидан и Хитер (тренер на Ајнтрахт) се одлични тренери. Реков дека Зидан е искрен, но со Ади Хитер имам подобра комуникација, двајцата зборуваме англиски. Во Шпанија таква комуникација не можев да остварам со Зидан. Тој не зборува англиски, јас не зборувам шпански…Но, двајцата се одлични тренери, прекрасни личности“, рекол Јовиќ за германските медиуми.

Три дена по ова интервју, во шпанските медиуми се огласи помошникот на Зидан, Давид Бетони.

„Во нашиот стручен штаб има многу луѓе кои зборуваат различни јазици. Секогаш можеме да поразговараме со фудбалерите. Да се разговара за фудбалот не е сложена работа. Та не е проблем“, рекол Бетони.

Share
Scroll to Top