Реал му се налутиле на Зидан, претерал со обвинувањата во писмото

Реал му се налутиле на Зидан, претерал со обвинувањата во писмото

пред 3 години

Писмото на Зинедин Зидан, во кое ги наведе причините поради кои решил да си поднесе оставка на функцијата, крена голема прашина во Реал.

Зидан, би разочаран, што не добил почит и поддршка, туку клубот секојдневно пласирал информации во медиумите дека ќе биде сменет. Критиките кон Зидан беа најгласни во јануари, кога Реал беше елиминиран од Купот на Шпанија од третолигашот Алкојон и кога во Ла Лига имаше 12 поени помалку од Атлетико.

Челниците на Реал, предводени од претседателот Флорентино Перез, му бил лути на Зидан бидејќи во писмото немало ниту малку самокритика. Тие ги негираат тврдењата на тренерот дека намерно во јавноста пуштале приказни дека тој ќе добие отказ.

„АС“, во денешното издание пишува дека во Реал сметале, дека Зидан премногу се оддалечил од клубот со некои свои неразбирливи одлуки, дека ги игнорирал препораките на клубот да ги вклопи новите играчи во тимот, а најмногу му замериле што не им дал шанса на Мартин Едегард и Лука Јовиќ.

Според овој извор, дури и претседателот Перез, кој секогаш му бил поткрепа и го поддржувал, сметал дека Зидан претерал и дека не требало да го обвинува клубот што си поднел оставка, бидејќи на некој начин тј се уште е врзан за Реал.

Неговите синови Тео и Елијаз се уште се членови на Реал, првиот во младинците, а вториот во кадетите.

Зидан: Не ја почитуваа мојата работа

Share
Scroll to Top