Реал на Фулам му продаде двајца младинци за 50 милиони евра

Реал на Фулам му продаде двајца младинци за 50 милиони евра

пред 5 часа

Фулам постигна договор со Реал Мадрид за трансфер на Гонзало Гарсија и Сезар Паласиос за вкупна сума од 50 милиони евра. Според договорот, вредноста на Гарсија беше проценета на 40 милиони евра, а на Паласиос на 10 милиони евра. Договорите содржат и клаузула според која на Реал ќе му припаднат по 30 проценти од идните гтрансфери на фудбалерите.

Двајцата фудбалери на „Крејвен Котиџ“ пристигнаа на барање на новиот тренер, Алваро Арбелоа.

Извори запознаени со бизнисот наведуваат дека реализацијата на двата трансфери се смета за сигурна. Клучен фактор е желбата на играчите да играат во Премиер лигата под водство на Арбелоа, со кого веќе работеа во академијата на Реал.

Фулам мораше да бара нови решенија во нападот ова лето бидејќи двајца важни играчи го напуштија клубот.

Најдобриот стрелец од минатата сезона, Хари Вилсон, како слободен играч се пресели во Лидс Јунајтед, додека Раул Хименез се врати во Вулверхемптон.

Гарсија и Паласиос треба да станат првите засилувања заедно со шведскиот напаѓач Јона Куси-Асаре, чиј договор беше откупен од Баерн по позајмица во сезоната 2025/26.

Гонзало Гарсија е 22-годишен напаѓач кој го привлече вниманието кон себе минатата сезона откако се приклучи на првиот тим на Реал. Во 39 настапи, претежно од клупата, тој постигна осум гола, од кои се издвојува хет-трикот против Реал Бетис во јануари.

Тој исто така покажа добри настапи на Светското клупско првенство минатото лето, каде што беше најдобар стрелец со четири гола.

Неговиот една година помлад колега, офанзивниот играч од средниот ред Сезар Паласиос, одигра седум пати за сениорскиот тим на Реал минатата сезона, пет од нив во Ла Лига, а дебитираше во јануари.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top