Реал повторно глуми жртва: Ги откажа сите активности пред Куп финалето

Реал повторно глуми жртва: Ги откажа сите активности пред Куп финалето

пред 16 часа

Финалето на Кралскиот Куп, во кое Реал Мадрид и Барселона ќе се борат за трофејот, е закажано за сабота во 22 часот, а во петокот доби многу „жесток“ вовед.

Откако Рикардо де Бургос Бенгоечеа кој е делегиран за главен судија, и Пабло Гонзалез Фуертас, кој ќе биде судија во ВАР собата, им се обратија на медиумите на прес-конференцијата, пристигна реакцијата од Реал.

Судиите се појавија пред медиумите по таргетирањето на телевизијата на Реал, а Де Бургос Бонгоечеа се расплака. Гонзалез Фуертас ги објави острите реакции на судиите кои се под притисок од Реал на различни начини од февруари.

Реал реакгира експресно, не го одржа задолжителниот тренинг за медиумите, не одржа прес-конференција и ја пропушти традиционалната вечера.

Наместо да ги исполни сите протоколарни обврски, Реал реши да издаде соопштение во кое наведува дека „настапот на судиите назначени да го водат финалето е неприфатлив“.

„Овие протести од страна на судиите кои, изненадувачки, ставија во центарот на вниманието видео од медиум кој е заштитен со правото на слободно изразување, како што е Реал Мадрид ТВ, и нагласувајќи дека видеото е намерно објавено 24 часа пред финалето, уште еднаш јасно го покажуваат анимозитетот и непријателството на судиите кон Реал“, се вели во соопштението.

Во Реал, наведуваат понатаму, дека се изненадени од заканувачкиот тон што го најавува единството на судиите и „наводните мерки што ќе бидат преземени“, што ги игнорира принципите на објективност и непристрасност што треба да преовладуваат во часовите пред фудбалски настан што го привлекува вниманието на милиони гледачи низ целиот свет.

Share
Scroll to Top