Реал подготвен да го донесе Мбапе без разлика на цената

Реал подготвен да го донесе Мбапе без разлика на цената

пред 4 години

Реал Мадрид почнаа со „Операцијата Мбапе“ за носење на ѕвездата на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе на „Сантијаго Бернабеу“ и нема да се штеди за оваа долгорочна цел на „кралевите“, тврди шпанскиот весник „АС“.

Флорентино Перез минатото лето, зачудувачки, не купи ниту еден фудбалер, туку само инкасираше од продажбата и позајмицата на неколку фудбалери, и во моменти на економска криза во елитниот фудбал поради намалените приходи од пандемијата на КОВИД-19, тие сметаат на обезбедување на 100-150 милиони евра во текот на летото со продажба на Иско, Себалјос, Бејл, Јовиќ, Марсело и Брахим Дијаз.

Цената на Мбапе, засега е не позната, но бидејќи 22-годишниот Французин одбива да го продолжи договорот кој му завршува во 2022 година, и според последните француски извештаи не е воодушевен од доаѓањето на Маурисио Почетино на клупата на францускиот шампион. Најлошото сценарио за Реал е ПСЖ да ја бара сумата која тие ја платија за Нејмар од 222 милиони евра, но од друга страна можноста тој да замине во 2022 бесплатно сигурно им се заканува на катарските газди.

Мбапе во Мадрид би заработувал приближно иста плата како во Париз, од околу 21 милиони евра по сезона, и Реал се надеваат со заминувањето на Бејл (15 милиони евра по сезона) и Иско (7 милиони евра по сезона) би се покриле овие трошоци.

Share
Scroll to Top