Реал подготвува план за чудото од дете на Манчестер Јунајтед

Реал подготвува план за чудото од дете на Манчестер Јунајтед

пред 4 часа

Веста од пред неколку дена, дека 15-годишниот Џеј Џеј Габриел побарал да го напушти Манчестер Јунајтед, предизвика големо внимание во Англија.

Тинејџерот, кој е споредуван со Меси поради неговиот огромен талент, веќе има импресивни бројки во академијата на „Црвените ѓаволи“, а многумина му предвидуваат блескава кариера.

Џеј Џеј Габриел, покрај споредбите со Меси е опишан и како генерациски талент.

Голем број европски гиганти веднаш ги контактирале неговите менаџери, но во моментов Реал Мадрид се издвојува како главен кандидат за неговиот потпис.

Според Марио Кортегано од „Атлетик“, Реал со месеци работи на доведување на Габриел. Во Реал сакаат да бидат внимателни и постепено да го воведуваат младиот фудбалер во својот систем.

Најголемата пречка е неговата возраст. Габриел е под договор со Манчестер Јунајтед до јуни 2027 година, а за рано заминување е неопходен договор меѓу клубовите.

Дополнителна компликација се правилата на ФИФА и УЕФА за меѓународни трансфери на малолетници.

За да се решат некои од административните пречки, Габриел би можел да добие државјанство на една од земјите од Европската Унија. Неговиот татко играл за Република Ирска, додека неговата мајка има потекло од Кипар.

Планот на Реал Мадрид е Габриел прво да игра за Кастиља, со можност да игра за младинскиот тим во младинската Лига на шампиони. Исто така, постои идеја тој да тренира со првиот тим, а доколку тренерскиот штаб процени дека е подготвен, би можел да добие шанса да дебитира.

Share
Scroll to Top