Реал ќе испратат понуда за Мбапе

Реал ќе испратат понуда за Мбапе

пред 3 години

Реал Мадрид до ПСЖ ќе испрати официјална понуда за Килијан Мбапе. „Марка“, медиум кој секогаш е добро известен за случувањата во реал, пишува дека клубот ќе испрати понуда за младиот напаѓач, во летниот преоден рок.

Мбапе, во ПСЖ, заработува 18 милиони евра годишно. Платата на Мбапе во Париз е дупло помала од платата на Нејмар. Реал, во наредниот период ќе се обидат да ослободат простор во буџетот за можат да излезат пред Мбапе со понуда што нема да може да ја одбие.

Сепак, како што пишува „Марка“, Реал нема да можат да му понудат повеќе од 20 милиони евра по сезона.

Медиумот шпекулира дека Реал, за трансферот на Мбапе, ќе треба да издвои околу 160 милиони евра.

Share
Scroll to Top