Револверашки дуел меѓу Кари и Тејтум „езерџиите“ не слушаат џез во продолженија

Револверашки дуел меѓу Кари и Тејтум „езерџиите“ не слушаат џез во продолженија

пред 3 години

Кошаркарите на Бостон Селтикс го победија Голден Стејт Вориорс на свој паркет со 119-114 во синоќешниот меч во НБА лигата. На овој меч имаше „револверашки дуел“ меѓу двајцата лидери во тимовите – Џејсон Тејтум и Стеф Кари.

Повеќе причини за славење имаше Тејтум кој со 44 поени донесе триумф за својот тим. Кари броеше со 47, недоволно за победа кај Бостон. Сепак, искусниот плеј промаши тројка на 18 секунди пред крај , по што Тејтум и кемба Вокер од слободни ја донесоа победата.

Вокер имаше учинок од 26 поени и 8 скока, а Маркус Смарт уфрли 16 поени.

Кај Вориорси освен Кари, се истакнаа и Вигинс со 22, односно Бејзмор со 16 поени.

Нова одлична партија на црногорскиот центар Никола Вучевиќ. Тој со 25 поени, 7 скока и 5 асистенции ги водеше Чикаго Булс до победа против Кливленд со 106-96.

Лари Марканен го следеше со 16, а Валентајн со 13 поени.

Кај Кавси по 22 поени имаа Секстон и Гарланд.

Јунак во победата од 127-115 на ЛА Лејкерс против Јута Џез беше Денис Шредер. Тој со кош на 3 секунди пред крајот обезбеди продолженија на кои екипата од Калифорнија потполно доминираше и дојде пресврт против моментно најдобриот тим во НБА лигата.

Освен 25-те поени на Шредер, кај Лејкерси Драмонд броеше до 27, а Кузма заврши на 13.

Кај Јута најдобар беше Џордан Кларксон со 27 поени.

Резултати:

ЛА Лејкерс – Јута 127-115
Чикаго – Кливленд 106-96
Вашингтон – Детроит 121-100
Бостон – Голден Стејт 119-114
Милвоки – Мемфис 115-128
Феникс – Сан Антонио 85-111

Share
Scroll to Top