Ред бул и Мерцедес се обвинуваат за легалноста на нивните болиди

Ред бул и Мерцедес се обвинуваат за легалноста на нивните болиди

пред 3 години

Шефот на Ред бул, Кристијан Хорнер вели дека се сомнева во легалноста на предното крило на болидот на ривалите од Мерцедес, откако ФИА објави дека од Француското ГП ќе ја тестира „совитливоста“ на задните крила на болидите.

Скандалот започна откако Луис Хамилтон по квалификациите за Шпанското ГП го коментираше задното крило на РБ16Б болидот, велејќи дека нивното задно крило е „подвижно“ и дека добиваат најмалку три десетинки предност. Одлуката на ФИА беше коментирана со незадоволство од Мекларен и Мерцедес, а шефот на Мерцедес, Тото Волф вели дека легалноста на резултатите на Монако ГП трката овој викенд ќе бидат „сомнителни“.

Хорнер, пак, ги нападна Мерцедес за предното крило на В12 болидот објавувајќи видео од предното крило на ривалите од трката во Имола.

„Мислам дека ако камерите се свртеа поинаку кај болидот на нашиот ривал, ќе имавме иста дискусија за легалноста на болидите. Која е разликата со нашето задно крило и со нивното предно крило? Ако треба да направиме промени на болидот, тоа ќе не чини пари, време и ресурси, како сите нас“, вели Хорнер.

Share
Scroll to Top