Ред Бул ја суспендираше жената која го обвини Хорнер

Ред Бул ја суспендираше жената која го обвини Хорнер

пред 7 месеци

Формула 1 тимот Ред Бул ја суспендираше жената која го обвини шефот на тимот Кристијан Хорнер за „непримерно однесување“.

Хорнер (50) ги отфрли обвинувањата дека на колешката и испаќал пораки со непримерна содржина.

По внатрешна истрага, Ред Бул исто така ги негираше обвинувањата минатата недела.

„Компанијата не може да коментира за внатрешни работи“, рече портпаролот на Ред Бул.

Хорнер е директор на Ред Бул од 2005 година, а под негово водство тимот освои седум шампионски титули во конкуренција на возачи.

Share
Scroll to Top