Рекордерот Луис Суарез

Рекордерот Луис Суарез

пред 4 години

Луис Суарез има сензационална сезона во дресот на Атлетико Мадрид. Ветеранот, со 16 гола е најдобра стрелец во Ла Лига, а неговиот тим е лидер на табелата со осум поени повеќе и натпревар помалку од Барселона и Реал Мадрид.

Уругваецот, кој пред две недели наполни 34 години, синоќа против Селта, постави неверојатен рекорд.

Суарез на 17 натпревари успеа да постигне 16 голови. Ниту еден фудбалер во 21 век не успеал да постигне толку голови, во својата деби сезона.

Напаѓачот на Атлетико го собори рекородот на Кристијано Роналдо. Португалецот во својата прва сезона во Реал (2009/10), постигнал 15 гола во првите 17 натпревари.

Share
Scroll to Top