Рекордни 8,88 милијарди евра потрошени на трансфери во 2023 година

Рекордни 8,88 милијарди евра потрошени на трансфери во 2023 година

пред 5 месеци

Фудбалските клубови ширум светот минатата година потрошиле вкупно 8,88 милијарди евра за меѓународни трансфери, што е зголемување за 48,1 отсто во споредба со 2022 година, се вели во извештајот објавен од ФИФА.

2023 година беше рекордна, заврши со вкупно 9,63 милијарди долари (8,88 милијарди евра) потрошени на фудбалски трансфери. Оваа сума е за две милијарди евра поголема од сума која беше потрошена во 2019 година. ФИФА ја соопшти оваа информација во извештајот објавен во вторник на 30 јануари.

Дури 10 трансфери сочинуваат 10 проценти од вкупната сума. Меѓу нив се трансферите на Џуд Белингем, сега ѕвезда на Реал Мадрид, кој ја напушти Бундеслигата, Енцо Фернандеш кој се пресели во Челзи и Хари Кејн кој потпиша за Баерн Минхен.

Најмногу трошеле англиските клубови, предводени од Челзи. Тие потрошиле 2,96 милијарди долари, три пати повеќе од француските клубови. Франција, изнеандувачки е втора на оваа листа.

Клубовите од Саудиска Арабија, кои успеаја да се изборат за своето место во светот на фудбалот, за првпат влегоа во првите пет потрошувачи со вкупно 970 милиони долари. Ова е резултат на значајните аквизиции како оние на Нејмар, Садио Мане и Ријад Махрез.

Кристијано Роналдо и Карим Бензема, исто така се преселија во Саудиска Арабија, но тоа го направија како слободни играчи.

Челзи и Пари Сен Жермен најмногу вложија во нови играчи.

Други фудбалски гиганти како Ливерпул, Реал Мадрид и Баерн Минхен ја сочинуваат првата петорка на листата на најголеми трошаџии во 2023 година.

Од друга страна, најмногу пари ќе добија германските клубови, речиси 1,21 милијарди долари.

За ова најмногу придонесе продажбата на Белингем (Борусија Дортмунд) и Рандал Коло Муани, кој го напушти Ајнтрахт Франкфурт и се пресели во ПСЖ.

Share
Scroll to Top