Глазгов Ренџерс не им дозволија пристап на поранешните фудбалери на лутите градски ривали Селтик, а сега ТВ-коментатори, Крис Сатон и Нил Ленон на стадионот „Ајброкс“ за мечот против Лион во Лига Европа, бидејќи тоа ќе претставувало „безбедносен ризик“.
Сатон и Ленон требаше да го водат директниот пренос од „Ајброкс“, но наместо тоа „БТ“ реши преносот да се врши од студиото во Лондон.
Сатон тврди дека одлуката ја донел извршниот директор на Ренџерс, Стјуарт Робертсон.
„Одлично е да се види дека фантастичната кампања за инклузивност и разноликост на Ренџерс функционира толку добро“, изјави саркастично Сатон, кој освои четири шкотски титули со Селтик.