Ден за одлука во Лигата на шампионите. Вечерва ќе се одигра последното коло во првата фаза.
Поради регуларноста, сите 18 натпревари ќе се играат вечерва од 21:00 часот.
На сите им требаат бодови, никој не е сигурен дека ќе остане на позицијата на која се наоѓа во моментов. Сигурно е само дека лидерот Арсенал и второпласираниот Баерн математички обезбедија место во Топ 8 пред последното коло.
Исто така, без шанси за пласман во нокаут фазата останаа Ајтрахт Фарнкфурт, Славија Прага, Виљареал и Каират Алмати.
Ова се двојките од последното коло:
Ајакс – Олимпијакос, Арсенал – Каират Алмати, Атлетик Билбао – Спортинг Лисабон, Атлетико Мадрид – Боде/Глимт, Барселона – Копенхаген, Баер Леверкузен – Виљареал, Бенфика – Реал Мадрид, Борусија Дортмунд – Интер, Клуб Бриж – Олимпик Марсеј, Ајнтрахт Франкфурт – Тотенхем, Ливерпул – Карабаг, Манчестер Сити – Галатасарај, Монако – Јувентус, Наполи – Челзи, Пафос – Славија Прага, Пари Сен Жермен – Њукасл, ПСВ Ајндховен – Баерн и Унион Сент Жилоа – Аталанта.
Покрај Арсенал и Баерн, уште 13 тима обезбедија барем место во плејофот. Тоа се: Реал Мадрид, Ливерпул, Тотенхем, ПСЖ, Њукасл, Челзи, Барселона, Спортинг, Манчестер Сити, Атлетико Мадрид, Аталанта, Интер и Јувентус.
Сите споменати тимови ќе се борат во последното коло и за Топ 8. Реал, Ливерпул и Тотенхем сè уште не обезбедиле осминафинале, но ќе бидат носители во плејофот, доколку случајно испаднат од Топ 8 во последното коло.

Дербито на последното коло од осмото коло дефинитивно е дуел на стадионот со култното име „Диего Армандо Марадона“ во Неапол, каде што актуелниот шампион на Италија ќе се сретне со Челзи.
Наполи е во тешка позиција, тие се први под линијата, но натпреварот е важен и за лондонските „сини“, бидејќи сакаат да останат во Топ 8 и да избегнат дополнителни плејоф натпревари.
Истото може да се каже и Бенфика, која спас бара против Реал Мадрид.
Бенфика е еден од двата поранешни европски шампиони меѓу најслабите 12 екипи на табелата. Вториот е Ајакс. Славните Холанѓани ќе бидат домаќини на Олимпијакос, последниот над линијата, во решавачкото осмо коло, на кого исто така му се потребни бодови.
Инаку, ждрепката за плеј офот и целата нокаут газа ќе се одржи во петок.






