Милијана Рељиќ, македонската репрезентативка во таеквондо се пласира во четвртфиналето на Олимписките игри.
Рељиќ во три рунди ја елиминира треторангираната во категоријата до 57 килограми, Британката Џејд Џонс. Џонс е двократна олимписка шампионка од 2012 и 2016 година, светска првенка од 2019 година и трикратна европска шампионка.
За место во полуфиналето, Рељиќ ќе се бори со Латиција Аун од Либан. Борбата ќе биде попладнево, нешто по 15 часот.