Рикардо ја освои „Монца“ – Мекларен со триумф во Ф1 по цели 9 години

Рикардо ја освои „Монца“ – Мекларен со триумф во Ф1 по цели 9 години

пред 3 години

Возачот на Мекларен, Австралиецот Даниел Рикардо попладнево триумфираше на трката за Големата награда на Италија возена на патеката „Монца“. За да биде изненадувањето комплетно, втор низ целта помина уште еден возач на Мекларен – Ландо Норис.

Во прилог на возењето на Рикардо беше и судирот на двајцата првопласирани возачи во генералниот пласман – Макс Ферстапен и Луис Хамилтон, кои мораа предвреме да ја завршат трката.

Зад двајцата возачи на Меклерен, место на подиумот имаше и за Валтери Ботас (Мерцедес).

Бодови од денешната трка во Италија освоија уште Шарл Леклер, Серхио Перез, Карлос Саинц, Фернандо Алонсо, Џорџ Расел и Естебан Окон.

Share
Scroll to Top