Ристовски пак во Хрватска, ама не во Ријека

Ристовски пак во Хрватска, ама не во Ријека

пред 3 години

Поранешниот играч на Ријека, македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Ристовски ќе игра за Динамо Загреб. Ристовски во редовите на хрватскиот шампион се сели од Спортинг Лисабон.

Иако Ристовски изминатиот месец се споменуваше како можно засилување на бројни европски клубови, сепак тој реши да се врати во хрватскиот шампионат, на добро познат терен.

Информациите се дека Динамо Загреб на Спортинг Лисабон ќе му плати 1,3 милиони евра за Македонецот.

Ристовски во 2017. од Ријека замина во португалскиот клуб. За клубот од Лисабон одигра 82 меча со ефект од 9 асистенции.

Негов соиграч во Динамо ќе е уште еден македонски репрезентативец – Аријан Адеми.

Share
Scroll to Top