Новиот капитен на македонската фудбалска репрезентација, борбениот Стефан Ристовски по враќањето на нациналниот тим во Скопје му се заблагодари на селекторот Игор Ангеловски со порака упатена на социјалните мрежи.
„Шефе наш, ми текнува со вашето доаѓање на чело на селекторската функција на првиот состанок кога го одржавме ни се обрати со следново… Дечки мојата цел е ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО… Си кажав… што збори човеков… Но вие и ние тоа го остваривме… ЕУРО 2020. Фала ти што не обедини да се чувствуваме како едно големо семејство. Фала што верувавте во нас дека имаме и ние квалитет да играме на едно вакво големо натпреварување. Фала што ја обединивте цела Македонија да се чувствува горда на овој голем успех. И фала што ни овозможи да се чувствуваме горди Македонци“ – напиша Стефан Ристовски.