Рома на Мурињо му „пукна петарда“ на Дебрецин

Рома на Мурињо му „пукна петарда“ на Дебрецин

пред 3 години

На стадионот во Фросиноне, екипата на Рома предводена од Жозе Мурињо одигра пријателски меч против унгарски Дебрецин. Мечот заврши со резултат 5-2 во корист на „волчицата“, а Португалецот во второто полувреме направи дури 10 замени во екипата.

Иако Дебрецин преку Барани во 4. минута дојде во водство, најпрво Мајорал во 28. израмни на 1-1, а 5 минути подоцна Пелегрини погоди за водство.

Во вториот дел Заниоло зголеми на 3-1, а веќе во следниот напад резултатот на мечот беше 3-2. Стрелец за унгарскиот тим беше Уграи.

До крајот на мечот репрезентативецот на БиХ Един Џеко со два погодока во 65. и во 80. минута ги постави конечните 5-2 за Рома.

Share
Scroll to Top