Роналдо го кажа својот фаворит: мојот брат Хабиб пак ќе победи!

Роналдо го кажа својот фаворит: мојот брат Хабиб пак ќе победи!

пред 4 години

Кристијано Роналдо има јасен фаворит во борбата за круната во лесна категорија во УФЦ помеѓу Хабиб Нурмагомедов и Џастин Гетџи на УФЦ 254, кажувајќи дека неговиот „брат“ Хабиб сигурно ќе победи.

Роналдо се спријатели со Дагестанецот уште кога беше фудбалер на Реал Мадрид и не зачудува што ќе навива за него на преметката во Абу Даби следниот викенд.

„Секако, секако, Хабиб ќе победи! Мој брат! Иншала“, изјави Роналдо за фановите во сесија на Инстаграм во живо.

Хабиб, кој е страствен навивач на Реал Мадрид и на својот локаен клуб Анжи Махачкала, доби дрес со потпис од Роналдо во 2018 година. Роналдо пак, е заинтересиран за ММА подолго време, а во 2017 година беше во посета на големиот ривал на Хабиб, Конор Мекгрегор, посетувајќи го во неговата вежбална пред мечот со Нејт Дијаз.

Хабиб до Роналдо: Затоа си најдобар на светот! (видео)

Share
Scroll to Top