Роналдо го постигна 750 гол во кариерата

пред 3 години

Кристијано Роналдо, постигна еден гол во победата на Јувентус над Динамо Киев од 3:0. Португалецот, во 57.минута, го постигна вториот гол за „старата дама“. Голот против Динамо беше 750 во неговата кариера. Роналдо на листата на најдобри стрелци, во историјата на фудбалот, се наоѓа на четвртото место. Првото место на листата го држи Чехот, Јосеф Бицан, кој постигнал 805 гола во кариерата. Пред Роналдо на листата се и Бразилците Ромарио (772) и Пеле (767). Голот што го постигна против Динамо беше 75 за Роналдо во дресот на Јувентус. Најмногу голови постигнал за Реал (450), 118 пати бил стрелец во дресот на Манчестер јунајтед, а пет гола постигнал на почетокот на кариерата во Спортинг. Во дресот на националниот тим постигнал 102 гола.

Share
Scroll to Top