Кристијано Роналдо продолжува да му оддава почит на својот трагично починат соиграч Диого Жота, а овој пат тоа го направи посебен гест за неговото семејство и остатокот од португалската репрезентација.
Во знак на сеќавање на заедничкиот триумф во Лигата на нации во 2025 година, Роналдо им подари на сите персонализирани часовници.
За потсетување, напаѓачот на Ливерпул и неговиот брат Андре Силва загинаа во сообраќајна несреќа во Шпанија во јули оваа година.
Смртта на 28-годишниот Диого Жота се случи во шпанската покраина Замора, само 11 дена откако се ожени со својата долгогодишна партнерка Рута Кардосо, со која имаше три деца.
Помалку од еден месец пред несреќата, Жота беше клучен дел од португалската репрезентација што ја победи Шпанија на пенали во финалето на Лигата на нации. Веста ја шокираше фудбалската јавност.
„Нема смисла. Бевме заедно во репрезентацијата, вие штотуку се ожени. Сакам да испратам сочувство на твоето семејство, на товојата сопруга и на твоите деца и им јапосакувам сета сила на светот. Знам дека секогаш ќе бидш со нив. Почивајте во мир, Диого и Андре. На сите ќе ни недостигате“, напиша Роналдо на социјалната мрежа X.
За да остане трајно сеќавањето на Жота и нивниот заеднички успех, 40-годишниот Роналдо дизајнираше уникатен подарок.

Капитенот на репрезентацијата се здружи со луксузниот бренд „Jacob & Co“, за да создаде персонализирани часовници за сите соиграчи кои учествуваа во освојувањето на Лигата на нации во Минхен.
Роналдо им ги испрати часовниците на своите сонародници пред квалификацискиот натпревар за Светското првенство против Ерменија, а еден испрати и до семејството на Жота.






