Роналдо истото го правеше и во Јувентус

Роналдо истото го правеше и во Јувентус

пред 2 години

Кристијано Роналдо успеа да ја фрли сенка на импресивната 2:0 победа на Манчестер јунајтед над Тотенхем со тоа што си замина пред крајот на мечот лут бидејќи остана на клупата, но навивачите на Јувентус не се изненадени бидејќи се сеќаваат дека португалскиот ветеран го правеше истото и кога беше фудбалер на „старата дама“.

Во ноември 2019, на дербито Јувентус-Милан, Роналдо беше заменет од тогашниот тренер Маурицио Сари во 55. минута од мечот од Пауло Дибала (кој потоа постигна побееднички гол), и си замина од „Алијанц стадионот“ три минути пред крајот на мечот.

„Ако си замина предвреме, тоа е проблем кој мора да го реши со соиграчите. Тие ќе го кажат своето“, изјави тогаш Сари.

Следната сезона на дербито Јувентус-Интер во мј 2021, тогашниот тренер го замени Португалецот во 70. минута, и тој повторно си замина од стадионот пред крајот на мечот.

Со четири збора се огласи и Роналдо

Share
Scroll to Top