Роналдо и Ал-Наср елиминирани од Купот на Саудиска Арабија

Роналдо и Ал-Наср елиминирани од Купот на Саудиска Арабија

пред 1 година

Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо многу веројатно нема да освои ниту еден важен трофеј во својата прва сезона во дресот на Ал-Наср во Саудиска Арабија. Неговиот тим е елиминиран и во полуфиналето на Купот на Саудиска Арабија откако загуби од Ал-Вехда со 0:1.

Победничкиот гол го постигна Жан-Давид Богел во 23. минута со „ножички“, а Роналдо во 81.минута ја погоди гредата.

Share
Scroll to Top