Мариса Нобиле, редарката која доживеа нокаут по шутот на Кристијано Роналдо, открила дека во минатото имала непријатен разговор со ѕвездата на Манчестер јунајтед.
„Кога играше за Реал Мадрид, нашиот разговор заврши со пцовки. Не знаев кој е тој“, рекла Нобиле, опишувајќи ја нивната прва средба.
„Му кажав дека натпреварот е завршен и дека луѓето се уште се на трибините бидејќи тој и понатаму трча по теренот. Тој продолжи, а јас бев уморна. Ми кажа да одам и да разговарам со тренерот. Се вратив и му реков: ‘Ќе престанеш или не?’ Ми кажа каде треба да одам, а јас му кажав дека е безобразен“.
Рекла дека Роналдо не и се допаднал воопшто, но дека гестот кога и притрчал да провери дали е во ред ја воодушевил.
Шутот на Роналдо, на загревањето, заврши во главата на Нобиле. По завршувањето на натпреварот Роналдо и го подари дресот.
„Сега сум негов најголем фан“, рекола Нобиле.