Роналдо конечно го прекина молкот

Роналдо конечно го прекина молкот

пред 2 години

Кристијано Роналдо реши да се огласи во јавноста и покрај тоа што неговата неизвесна иднина во Манчестер јунајтед. Големата фудбалска ѕвезда конечно ја објави првата фотографија по враќањето на тренинзите по двонеделна пауза.

Роналдо ова лето им приреди кошмар на навивачите на Јунајтед. Тој јавно побара трансфер и беше одбиен од клубот, што доведе до тоа Роналдо да не се појави на тренинзите на клубот. Португалецот не отпатува со клубот на азиската турнеја. Јасно е дека неговата иднина во клубот е неизвесна.

Неговиот став е јасен, сака да да игра во Лигата на шампионите следната сезона, а тоа нема да го направи со Јунајтед бидејќи заврши само на шестото место во Англија.

По две недели молк тој реши да се огласи на социјалните мрежи.

Интересно е тоа што на фотографијата од вежбалната е облечен во опрема за тренинг на Манчестер јунајтед, а навивачите се надеваат дека можеби ќе се премисли.

Заедно со фотографијата од теретана, која го означува враќањето на тренинзите, Роналдо го додал описот „Жесток тренинг“.

Очигледно малку подолг одмор не остави трага на неговата физичка форма, па Роналдо изгледа повеќе од подготвен за нови предизвици.

Се уште не се знае кога Роналдо ќе се врати на тренинзите со топка и во кој клуб.

Во меѓувреме ЕСПН ексклузивно објави како Португалецот решил да одбие нереална понуда од Саудиска Арабија.

Неименуван клуб на легендарниот фудбалер му понудил 275 милиони евра за двегодишен договор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Share
Scroll to Top