Роналдо се израмни со Али Даеи, двајцата имаат по 109 гола

Роналдо се израмни со Али Даеи, двајцата имаат по 109 гола

пред 3 години

Двата гола за Португалија, вечерва на „Пушкаш арена“ во Будимпешта беа дело на Кристијано Роналдо, и двата постигнати од пенали.

Со тоа, португалскиот ас се изедначи со Иранецот, Али Даеи по бројот на голови за репрезентација.

И Роналдо и Даеи имаат по 109 постигнати погодоци за своите селекции, и го делат светскиот рекорд.

Роналдо на мечот со „петлите“ стана првиот играч со 20 гола на европските и светските првенства.

Share
Scroll to Top