Кристијано Роналдо додаде нов тркачки автомобил во својата колекција луксузни автомобили.
Ferrari Purosanguea е новото спектакуларно возило во неговата гаража. Колекцијата на луксузни автомобили што ги поседува Португалецот вреди над 20 милиони евра.
Тој на социјалните мрежи им ја претстави најновата аквизиција на своите 617 милиони следбеници.
Фотографијата на Роналдо за осум часа собра речиси десет милиони лајкови, вклучувајќи ги и реакциите на бројни познати личности и фудбалери.
Ferrari Purosanguea чини околу 467.000 евра.