Роналдо: Сон ми е да го освојам СП со Португалија

Роналдо: Сон ми е да го освојам СП со Португалија

пред 3 години

Фудбалерот на Јуветус Кристијано Роналдо се надева дека ќе игра уште неколку сезони на врвно ниво. Најголема желба му е да ја освои светската титула со репрезентацијата на Португалија.

Роналдо, во февруари, ќе наполни 36 години, но се уште не размислува да стави крај на блескавата кариера.

„Годините не се важни, важна е состојбата на умот. Живеам во сегашноста, во овој момент. Среќен сум, во форма сум. Се надевам дека ќе играм уште многу години…Сепак ова е фудбал, не можеме да знаеме што ќе се случи утре. Но, моите очи гледаат светла иднина. Тоа ме радува“, рекол Роналдо.

Најголемата ѕвезда на Јувентус, со оптимизам го чека ЕУРО 2021, а најголема желба му е да го освои Светското првенство со Португалија.

„Ние сме добар, млад тим. Имаме фантастичен селектор. Напредувавме многу, полни сме со самодоверба. Сакам трофеј од СП. Тоа е можно, се е можно. Мојот сон е да освојувам трофеи со Португалија, за сега имамдва“, заклучил Роналдо.

Португалија во квалификациите за пласман на СП ќе игра против Србија, Азербејџан, Република Ирска и Луксембург.

Share
Scroll to Top