Рој Кин е човек кој ретко се смее, но поранешниот капитен на Манчестер јунајтед покажа една друга страна на неговиот карактер откако за своите внуци се облече како лик од цртаниот филм „PAW Patrol“.
Дека не ја загубил бруталната смисла за хумор, тој во објаснувањето на сликата напиша:
„Достапен сум за забави. Не сакам забави или деца, но треба да го загрееме базенот“.
50-годишниот Кин има пет деца (три сина и две ќерки) со својата долгогодишна сопруга Тереза.