Богатството на тениската легенда паднало на околу 952,4 милиони долари, откако акциите на швајцарската компанија за спортска опрема „On Holding“, во која Федерер поседува околу 2,5 отсто, паднале за околу 19 отсто.
Компанијата во вториот квартал остварила приход од 850,4 милиони швајцарски франци, што е раст од 13 отсто во однос на истиот период лани, но помалку од очекувањата на аналитичарите.
Поради падот на акциите, вредноста на уделот на Федерер се намалила за најмалку 52 милиони долари.
Сепак, „On Holding“ остварила нето-добивка од 105 милиони франци, наспроти загубата од 40,9 милиони франци во истиот период минатата година.
Федерер стана сосопственик на компанијата во 2019 година, а уделот во „On“, заедно со неговите спонзорски договори, значително го зголеми неговото богатство. Иако сега е под границата од една милијарда долари, тој останува многу близу до неа.






