Румениге: Ќе се задавев кога видов колкав е долгот на Барселона!

Румениге: Ќе се задавев кога видов колкав е долгот на Барселона!

пред 3 години

Карл-Хајнц Румениге, претседателот на Баерн Минхен е познат како човек кој често не бира зборови. Тој во интервју за „Sky Sports“ даде свој коментар на кризата која ја тресе шпанска Барселона откако „Ел Мундо“ објави досега непознати детали за договорот на Меси со Каталонците.

„Читав за долговите на Барселона додека појадував, за малку ќе се задавев. Баерн да има такви долгови, јас не би можел да спијам. Сепак, мислам дека нема ништо да се случи. Клуп како Барселона нема да пропадне затоа што премногу му значи на регион каков што е Каталонија. Во секој случај жал ми е што клубови воопшто може да западнат во толкави долгови. Ние во Баерн ги гледаме клубовите како Барса кои не можат плата да исплатат и продолжуваме по нашиот модел. Покрај спортскиот успех, секогаш мора да се лови и екоомската стабилност“ рече Румениге.

Share
Scroll to Top