Русија спречи екстрадиција на контроверзниот фудбалер

Русија спречи екстрадиција на контроверзниот фудбалер

пред 9 месеци

Контроверзниот холандски фудбалер Квинси Промес, осуден за трговија со дрога и напад со нож, нема да биде екстрадиран во Холандија по апсењето на аеродромот во Дубаи.

Поранешниот играч на Твенте, Го Ахед Иглс, Севилја и Ајакс е приведен на граничната контрола и му е забрането да се врати во Русија со соиграчите од Спартак Москва.

Промес е приведен бидејќи избегал откако предизвикал сообраќајна несреќа во Обединетите Арапски Емирати, а рускиот весник „Спорт Експрес“ пренесува дека Промес за тоа дело ќе избегне затвор и наместо тоа ќе биде казнет.

„Ги проверивме извештаите за апсењето на Промес и од нашиот контакт дознавме дека Промес е уапсен за локално кривично дело, а не за злосторства извршени во Холандија. Засега нема да одговориме на прашањето дали ќе бараме или не негова екстрадиција“, соопшти холандското обвинителство.

Промес се соочува со шестгодишна затворска казна откако беше откриено дека помогнал во шверцот на 1.300 килограми кокаин, а минатата година тој веќе беше осуден на две години затвор за напад со нож врз неговиот братучед во 2020 година.

Рускиот печат сугерира дека властите интервенираше на високо ниво за да се осигура дека Промес ќе биде вратен во Русија и нема да биде екстрадиран во Холандија.

Од 2021 година, Промес е член на Спартак Москва, чиј дрес го носеше од 2014 до 2018 година.

За холандската репрезентација забележа 50 настапи и постигна седум гола.

Share
Scroll to Top